Svetot na Mila - pesni za deca

Драги родители,

Добредојдовте во „Светот на Мила – Македонски детски песнички“.

„Светот на Мила“ е канал создаден со многу љубов кон најмалите, а воедно и со големо внимание кон потребите и очекувањата на родителите — да им обезбедат на своите деца квалитетна, безбедна и oсмислена едукативна содржина.

Нашите песни се создадени како едукативна поддршка за децата во нивниот развој. Преку музика, ритам и повторување, децата природно ги усвојуваат важните навики како одржување хигиена, грижа за себе, дружење и решавање на секојдневни ситуации блиски до нивниот свет.