Драги мои, дванаесет часот веќе чукна, а тоа значи дека новата година е тука. Таа среќата нека ја пише, а тагата нека ја брише. Во секој дом среќа нека се сее и радосна песна на глас нека се пее.
Убавите моменти да се дуплираат, а непријатните да се нулираат.
Годината да е исполнета со весели бои и се најубаво да се случува кај луѓето мои и твои.
Како што елката весело свети, така и кај вас радоста нека лета од најубави планети. Секоја светилка на неа нека биде една остварена желба, а секој украс – момент на неизмерна верба.
Низа од успеси да се плети, а помалку од падови да има штети.
А врвот кој што стои право, нека ви дава мотивација за остварување на вашите планови само.
Да имате здравје кое што вечно ќе царува, слога која што вечно ќе преовладува.
Среќна Нова Година драги мои и секогаш бидете здрави и весели со саканите свои.
Три топ причини зошто да користиш OnlyOffice. 1 Бесплатен канцелариски пакет кој што нема реклами. 2 Компатабилен е со со многу формати на документи. 3 Нуди и едитирање и преглед на PDF документи бесплатно. Тоа е и третата топ причина зошто да го користире. Значи не треба да се плаќаат никакви лиценци или пак да се бараат кракирани верзии на Adobe Acrobat или пак да се бараат конвертори за претворање на PDF во Word кои што функционираат како што треба и потоа конвертираниот документ да се едитира. Значи само си го отворате документот, си го едитирате и си го зачувувате. Достапен е за Windows, macOS, Linux Така да топло ви го препорачувам да го употребувате Д.Н.
Историја и развој на апликацијата Messenger (2011–2025)
Апликацијата Messenger на Meta е една од најпопуларните платформи за комуникација на оперативните системи iOS и Android. Таа овозможува сè — од текстуални пораки и мултимедијални записи (аудио и видео) до фотографии, гласовни пораки и видео повици. Во продолжение погледнете како се одвиваше нејзиниот развој и кога беа воведени клучните функции во периодот од 2011 до 2025 година.
2011: Испраќање фотографии и видеозаписи Во 2011 година, Messenger овозможи испраќање фотографии и видеозаписи. Со оваа опција, корисниците добија можност да споделуваат моменти од патувања или заеднички интереси директно преку платформата.
2012: Messenger без Facebook профил и SMS пораки Во 2012 година, Facebook им овозможи на корисниците да се логираат на апликацијата само со име и телефонски број, без потреба од Facebook корисничка сметка. Оваа опција беше укината во 2024 година. Истата година беше воведена и поддршката за SMS пораки, функција која Facebook ја отстрани во 2023 година.
2013: Гласовни пораки, аудио повици и стикери Во 2013 година апликацијата доби три значајни надградби: испраќање гласовни пораки, воведување аудио повици и користење стикери во разговорите.
2015: Видео повици, барања за пораки, GIF-ови и плаќање Во 2015 година, Messenger се збогати со четири нови опции:
Видео повици: Комуникација во реално време со слика и тон.
Message Request: Опција за прифаќање или одбивање пораки од луѓе кои не се пријатели на Facebook, со што се зголеми приватноста.
GIF-ови: Интегрирана поддршка за анимирани слики.
Pay: Овозможување на корисниците да испраќаат пари преку апликацијата.
2016: Вградена камера Следната година беше воведена вградена камера, со што се овозможи фотографирање и снимање видеозаписи директно во рамките на самата апликација.
2017: Сториња (Stories), реакции и означување (Mentions) Под влијание на Instagram и Snapchat, во 2017 година Messenger ја воведе опцијата Stories — фотографии и видеа кои исчезнуваат по 24 часа. Истата година беа воведени и реакциите на пораки, како и опцијата за означување (mentions) на личности во групните разговори.
2019: Темен режим (Dark mode), реплики и „Delete for everyone“ По голема побарувачка, воведен е Dark mode за заштеда на батеријата и заштита на видот. Исто така, беше овозможено реплицирање (reply) на специфични пораки и опцијата „Delete for everyone“, која овозможува бришење на пораката за сите учесници во чатот.
2020: Соби (Rooms), теми и промена на логото Како одговор на пандемијата, беа воведени Messenger Rooms за видео повици со до 50 учесници без временско ограничување.
Воведени се Chat themes (теми за разговорите) и менување на позадини за време на видео повици.
Логото на Messenger ја промени бојата од сина во лилаво-розова, како симбол на интеграцијата помеѓу Facebook и Instagram. Иако оваа меѓуплатформска комуникација беше прекината во 2023 година, бојата остана уште некое време.
2021: Звучни емоџиња (Soundmojis) Во 2021 година беа лансирани Soundmojis — емоџиња кои репродуцираат звук. Оваа опција со текот на времето беше отстранета од апликацијата.
2023: Целосна E2EE енкрипција Во 2023 година, Messenger воведе целосна End-to-End Encryption (E2EE) како стандард, што бара дополнителна безбедност (код) за пристап до историјата на пораките на нови уреди.
2024: Прикачување пораки (Pin), Meta AI и едитирање Pin messages: Овозможено прикачување на најмногу 50 важни пораки во еден чат.
Meta AI: Интегриран паметен асистент за прашања и генерирање слики.
Едитирање: Овозможена е корекција на веќе испратени пораки во временски рок од 15 минути.
2025: Враќање на сината боја и крај за десктоп верзијата Во 2025 година, Messenger се врати на својата препознатлива сина боја на брендот. На 15.12.2025 година, Meta официјално ја повлече десктоп апликацијата за Windows и macOS, насочувајќи ги корисниците кон веб-верзијата и мобилните уреди.
Установи кои што го имаат името Свети Климент Охридски во Битола Во градот на конзулите Битола, постојат три објекти кои што го имаат името Свети Климент Охридски и тие се: Национална установа Универзитетска библиотека Свети Климент Охридски Универзитет Свети Климент Охридски Основно училиште Свети Климент Охридски. Во продолжение на овој пост ќе бидат прикажани информации за сите ови три установи: кога тие се основани, која е нивната дејност, каде се лоцирани. Национална установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски Првиот објект со кој што ќе започнам е Универзитетската библиотека Свети Климент Охридски. Библиотеката е основана на 25.03.1945 година со решение на Градскиот народен одбор со името: Градска народна библиотека во Битола. Најпрвин оваа библиотека била сместена во поранешниот хотел Турист, кој што се ноѓал наспроти Домот на културата во Битола. Стариот дел на библиотеката во Битола претставува музеј на оваа установа. Овој дел на библиотеката е изграден во 1974 година. Во стариот дел од библиотеката се чуваат: Ракописни книги: Многу стари книги напишани рачно, кои можат да бидат од особена историска и културна вредност. Стари печатени книги (Ретки изданија): Ова вклучува книги печатени во раните фази на печатарството, честопати од 15-ти до 19-ти век, кои се ретки и тешко достапни. Документи и Архивалска Граѓа: Разни стари документи, писма, списи и друга архивалска граѓа поврзана со историјата на Битола и поширокиот регион. Стара Периодика: Збирки на стари весници, списанија и други периодични изданија, кои нудат увид во минатиот живот, политика и култура. Карти и Графики: Може да содржи стари географски карти, графики и литографии. Овој дел од библиотеката е прогласен за културно наследство. Во 1983 година се изгради новиот дел на библиотеката, а тоа е делот каде што оваа библиотека е денес сместена. Битолската бибиотека има книжен фонд од околу 600.000 книги и бројни списанија, со тенденција за перманентно зголемување и оваа библиотека низ нејзиното постоење прертпи менување на нејзините имиња: Градска народна библиотека – Битола (1945 – 1947); 1. Дом на културата (1947 – 1952); 2. Градска библиотека (1952 – 1960); 3. Матична библиотека (1960 – 1964); 4. Матична библиотека „Климент Охридски” – Битола (1964 – 1980); 5. Матична и универзитетска библиотека „Климент Охридски” – Битола (1980 – 1995); 6. Матична и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски” – Битола (1995 – 2004) и 7. Национална установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” – Битола (од 2004 г. до денес). Универзитет Свети Климент Охридски Следен објект на кој што ќе се посвети внимание е Универзитетот Климент Охридски. Универзитет „Св. Климент Охридски“ — високошколска установа во Битола, вториот универзитет во современа Македонија, основан на 25 април 1979 г. Со основањето на универзитетот била остварена историската цел за обединување на постојните високообразовни и научно-истражувачки установи од југозападниот регион на Македонија, односно Битола, Прилеп и Охрид, како придонес за порамномерен развој на Македонија. На 8 декември 1994, на денот на Св. Климент Охридски, универзитетот го добил своето денешно име. Универзитетот ја прославил својата 35-годишнина на 25 април 2009. Во рамките на овој универзитет спаѓаат следните факултети: 1. Технички факултет 2. Економски факултет 3. Факултет за туризам и угостителство 4. Педагошки факултет 5. Факултет за биотехнички науки 6. Факултет за администрација и менаџмент на информациски системи 7. Висока медицинска школа 8. Факултет за безбедност 9. Правен факултет 10. Технолошко-технички факултет 11. Ветеринарен факултет 12. Факултет за информатички и комуникациски технологии 13. Научен институт за тутун 14. Хидробиолошки завод 15. Институт за старословенска култура Основно училипте Свети Климент Охридски Третиот и последниот објект за кој што ќе биде посветено внимание во рамките на овој пост е основното училиште Свети Климент Охридски. Основно училиште „Св. Климент Охридски“ (официјално: Основно општинско училиште „Св. Климент Охридски“ - Битола; скратено: ООУ „Св. Климент Охридски“) — централно основно училиште во населбата Нова Битола, во градот Битола, Општина Битола. Училиштето располага со следните 2 специјализирани училници за подготвителна настава, 10 универзални училници за одделенска настава, 11 универзални училници за предметна настава, специјализирани кабинети за информатика и ТО, библиотека со значителен книжевен фонд поврзана со читална, модерна фискултурна сала според високи стандарди со трибини, семафор, туш-кабини и други спортски терени. Во склоп на училиштето има исто така и амбуланта, високо стандардизирана трпезарија со кујна и посебен административен дел. Училиштето располага со 305 десктоп компјутери, 209 Intel Classmate ученички лаптопи, 16 лаптопи УСАИД, 27 Intel Classmate таблети, 4 смарт табли, 2 телевизори, 4 печатачи, дигитални камери, лаптоп компјутери за наставниците и 30 микробит уреди. За учениците со посебни потреби има: монитор на допир, 8 тастатури од кои 5 се со кирилично писмо и 3 со латинично писмо, 2 trackball, joystick, 2 одвоени кликови и 2 едукативни софтвери. За учениците со оштетен вид се користат следниве уреди: компјутер и принтер за рапаво печатење. Заклучок Од досега неведеното може да се заклучи дека во градот Битола постојат три објекти кои што се именувани по по словенскиот просветител и светец Свети Климент Охридски. Од тие три објекти два објекти спаѓаат во категоријата од дејноста на образование: Универзитет Свети Климен Охридски и Основното училиште Свети Климент Охридски, е еден од нив е посветен на културата а тоа е библиотеката Климент Охридски. Д.Н.
Решив да ја истестирам денес оваа алатка. Генерира песни кои што имаат квалитетен звук на аудиозаписот, брзо се генерираат песните во неа. Но тука има едно големо но...
Пишува дека е Free и не се претплатени во овој сервис, една песна кога е генерирарана пишува дека истата стои 30 дена, по истекот на тие 30 дена таа автоматски ќе биде избришана и не постои можност таа да биде вратена.
Друга мана која што ја има овој сервис е тоа што кога сакате да ја симнете генерираната песна и покрај тоа што пишува дека може да се симне како MP3 Free и ова не е овозможено бидејќи корисникот не е претплатен на еден од пакетите кои што се дел од овој сервис.
А што е со бришењето на акаунт? Не постои копче за бришење на акаунт, туку треба да го исконтактирате нивниот тим за поддршка и да го избришат вашиот акаунт.
Знаеме дека на социјалните медиуми нашите објави можеме да ги поставиме во drafts и пооцна нив да ги постираме.
Во рамките на овој пост ќе биде објаснето колку време drafts може максимално да стојат во некои социјални медиуми.
Фокусот е поствен на социјалните мрежи Facebook, TikTok, YouTube, Clapper, Instagram и Threads.
1. TikTok
Времетраење: Неограничено (теоретски).
Важна напомена: Скиците се чуваат само локално на вашиот уред.
Ако ја избришете апликацијата, ќе ги изгубите сите драфтс.
Ако го смените телефонот, драфтовите нема да се префрлат на новиот уред.
2. Instagram
Stories (Приказни): Се чуваат 7 дена. После тоа, Instagram автоматски ги брише.
Reels и Постови: Се чуваат неограничено, се додека не ја избришете апликацијата.
Напомена: Исто како и кај TikTok, тие се врзани за меморијата на телефонот (кеш меморија). Бришење на апликацијата значи бришење на сите драфтс.
3. Facebook
Личен профил: Драфтовите постојат 3 дена
Facebook Pages (Meta Business Suite): Овде драфтовите се чуваат на сервер (Cloud). Тие се трајни и нема да исчезнат додека вие не ги избришете или објавите. Може да им пристапите и од компјутер и од телефон.
Reels - тие постојат 60 дена
4. YouTube
YouTube Shorts (преку апликација): Се чуваат локално на уредот. Немаат рок, но исчезнуваат ако ја избришете апликацијата.
YouTube Видеа (преку YouTube Studio): Ако прикачите видео и го зачувате, тоа останува на серверите на YouTube засекогаш (како Private или Draft), се додека не одлучите да го избришете. Ова е најбезбедната опција.
5. Threads
Времетраење: Неограничено (додека не се објави или избрише).
6. Clapper
Времетраење: Неограничено.
Напомена: Функционира идентично како TikTok. Се чуваат локално на уредот. Ако ја избришете апликацијата или исчистите „Data/Cache“, ги губите видеата.
Д.Н.
#dejannikolovski6#facebook#instagram#tiktok#clapper#youtube#threads#drafrts
Заклучоци кои што ги донесов од користењето на Linux Mint во рокот од повеќе од еден месец . Доколку има проблем со синхронизација на видео и аудио, потребно е да се смени latency во вредност 0 и тој проблем ќе е решен. За неприкажување на thumbnails, потребно е фајл менаџерот да се промени со друг, најдобро е со Dolphin. Има две верзии со Dolphin: едната е со сина икона, а другата не. Во таа со сина икона иако е Trash полна знае да ја прикаже празна, па затоа подобро е да се инсталира Dolphin што не е со сина икона. Дополнително во двете верзии кога ќе се симне одреден фајл кога ќе се кликне на веб прелистувачот да ни ја отвори папката каде што е фајлот, место тоа ќе го отвори самиот фајл. Не може да се слушаат миди фајлови во плеерот за аудиозаписи и видеозаписи, па затоа е потребно да се инсталира плеерот DrumStick Midi Player. Сеуште нема добра компатибилност за windows апликации. Може да се инсталираат со Bottles - фалат доста фонтови во самиот софтвер и гличнуват Windows програмите, PlayOnLinux - тешко се инсталира Windows софтвер почнува со инсталација и вади error, Winchram ќе ги инсталира но не може да ги стартува, Со Lutris се инсталираат, но има мало проблемче кога се работи на некој видео едитор, а тоа трепкање со црна боја кога се пушта да се гледа видео записот додека тој се едитира. Ако замрзни екранот Ctrl + Alt + F7 е команда која што треба да ја употребите за негово одмрзнување. Што прави оваа команда. Ќе ве врати на прозорецот за логирање и со тоа ќе ве спаси од ресетирање на компјутерот со притискање на копчето за вклучување на вашиот десктоп или лаптоп компјутер. Подобро е да користи ONLYOFFICE место Libre Office бидејќи со користењето на Libre Office скролањето во Writer е бавно и таму за да се трги педерот и футерот од првата страна потребни се повеќе процедури за да се направи тоа и во Impress не може целата презентација да се зачува како слики. Во ONLYOFFICE целата презентација може да се зачува како слики, побрзо се скрола во програмата за уредување на текст и хедерот и футерот на првата страна може да се исклучат со First different page како во Word. Лесен е за работа. Брзо бутира. Брзо работи. Побрз е од Windows 10 и Windows 11. Има старт мени кое што е лесно за кастамизација. Може ? да се стави во името на еден фајл. Абдејтите кои што се пуштаат од овој оперативен систем не прават никакви проблеми како што тоа е случај во Windows 11. Не бара никаква активација. Целосно е бесплатен. Одличен е за постари но и за понови компјутер. Може да се истестира без инсталирање бидејќи доаѓа во LiveOS верзија, а со тоа се овозможува да се испитаат сите негови функционалности и со тоа се донесува одлука дали тој ви се допаѓа и дали ќе го инсталирате или пак не и со тоа се прави превенција да не треба пак да го инсталирате стариот оперативен систем кој што сте го имале доколку не ви се допаднал. Побрзо се инсталира од Windows Апликации за овој систем може да се симнуваат од Software Manager или од browser со барање на екстензијата .deb. Дополнително за овој оперативен систем може да се најдат и програми од типот AppImage кои што се извршуваат без тие да се инсталираат. Многу работи се исклучуваат и исклучуваат со помош на команди кои се пишуваат во Terminal. По инсталацијата иконите му се мали, фонтот е мал, па затоа треба да се промени големината на фонтот, односно да се вклучи Larger Text во Accessibility, а иконите се зголемуваат во Customise. Во менито за исклучување, ресетирање на компјутерот има опција Suspend и таа ја има истата функционалност како онаа што ја има Доста работи споменав, можеби и нешто заборавив, но сепак има доста заклучоци напишани во овој пост. #linuxmint#dejannikolovski6#fyp#viral Д.Н.
Dejan Nikolovski
Драги мои, дванаесет часот веќе чукна, а тоа значи дека новата година е тука. Таа среќата нека ја пише, а тагата нека ја брише. Во секој дом среќа нека се сее и радосна песна на глас нека се пее.
Убавите моменти да се дуплираат, а непријатните да се нулираат.
Годината да е исполнета со весели бои и се најубаво да се случува кај луѓето мои и твои.
Како што елката весело свети, така и кај вас радоста нека лета од најубави планети. Секоја светилка на неа нека биде една остварена желба, а секој украс – момент на неизмерна верба.
Низа од успеси да се плети, а помалку од падови да има штети.
А врвот кој што стои право, нека ви дава мотивација за остварување на вашите планови само.
Да имате здравје кое што вечно ќе царува, слога која што вечно ќе преовладува.
Среќна Нова Година драги мои и секогаш бидете здрави и весели со саканите свои.
1 week ago | [YT] | 3
View 0 replies
Dejan Nikolovski
Три топ причини зошто да користиш OnlyOffice.
1 Бесплатен канцелариски пакет кој што нема реклами.
2 Компатабилен е со со многу формати на документи.
3 Нуди и едитирање и преглед на PDF документи бесплатно. Тоа е и третата топ причина зошто да го користире. Значи не треба да се плаќаат никакви лиценци или пак да се бараат кракирани верзии на Adobe Acrobat или пак да се бараат конвертори за претворање на PDF во Word кои што функционираат како што треба и потоа конвертираниот документ да се едитира. Значи само си го отворате документот, си го едитирате и си го зачувувате.
Достапен е за Windows, macOS, Linux
Така да топло ви го препорачувам да го употребувате
Д.Н.
#ONLYOFFICE #dejannikolovski6 #fyp #viral
2 weeks ago | [YT] | 2
View 0 replies
Dejan Nikolovski
Историја и развој на апликацијата Messenger (2011–2025)
Апликацијата Messenger на Meta е една од најпопуларните платформи за комуникација на оперативните системи iOS и Android. Таа овозможува сè — од текстуални пораки и мултимедијални записи (аудио и видео) до фотографии, гласовни пораки и видео повици. Во продолжение погледнете како се одвиваше нејзиниот развој и кога беа воведени клучните функции во периодот од 2011 до 2025 година.
2011: Испраќање фотографии и видеозаписи
Во 2011 година, Messenger овозможи испраќање фотографии и видеозаписи. Со оваа опција, корисниците добија можност да споделуваат моменти од патувања или заеднички интереси директно преку платформата.
2012: Messenger без Facebook профил и SMS пораки
Во 2012 година, Facebook им овозможи на корисниците да се логираат на апликацијата само со име и телефонски број, без потреба од Facebook корисничка сметка. Оваа опција беше укината во 2024 година. Истата година беше воведена и поддршката за SMS пораки, функција која Facebook ја отстрани во 2023 година.
2013: Гласовни пораки, аудио повици и стикери
Во 2013 година апликацијата доби три значајни надградби: испраќање гласовни пораки, воведување аудио повици и користење стикери во разговорите.
2015: Видео повици, барања за пораки, GIF-ови и плаќање
Во 2015 година, Messenger се збогати со четири нови опции:
Видео повици: Комуникација во реално време со слика и тон.
Message Request: Опција за прифаќање или одбивање пораки од луѓе кои не се пријатели на Facebook, со што се зголеми приватноста.
GIF-ови: Интегрирана поддршка за анимирани слики.
Pay: Овозможување на корисниците да испраќаат пари преку апликацијата.
2016: Вградена камера
Следната година беше воведена вградена камера, со што се овозможи фотографирање и снимање видеозаписи директно во рамките на самата апликација.
2017: Сториња (Stories), реакции и означување (Mentions)
Под влијание на Instagram и Snapchat, во 2017 година Messenger ја воведе опцијата Stories — фотографии и видеа кои исчезнуваат по 24 часа. Истата година беа воведени и реакциите на пораки, како и опцијата за означување (mentions) на личности во групните разговори.
2019: Темен режим (Dark mode), реплики и „Delete for everyone“
По голема побарувачка, воведен е Dark mode за заштеда на батеријата и заштита на видот. Исто така, беше овозможено реплицирање (reply) на специфични пораки и опцијата „Delete for everyone“, која овозможува бришење на пораката за сите учесници во чатот.
2020: Соби (Rooms), теми и промена на логото
Како одговор на пандемијата, беа воведени Messenger Rooms за видео повици со до 50 учесници без временско ограничување.
Воведени се Chat themes (теми за разговорите) и менување на позадини за време на видео повици.
Логото на Messenger ја промени бојата од сина во лилаво-розова, како симбол на интеграцијата помеѓу Facebook и Instagram. Иако оваа меѓуплатформска комуникација беше прекината во 2023 година, бојата остана уште некое време.
2021: Звучни емоџиња (Soundmojis)
Во 2021 година беа лансирани Soundmojis — емоџиња кои репродуцираат звук. Оваа опција со текот на времето беше отстранета од апликацијата.
2023: Целосна E2EE енкрипција
Во 2023 година, Messenger воведе целосна End-to-End Encryption (E2EE) како стандард, што бара дополнителна безбедност (код) за пристап до историјата на пораките на нови уреди.
2024: Прикачување пораки (Pin), Meta AI и едитирање
Pin messages: Овозможено прикачување на најмногу 50 важни пораки во еден чат.
Meta AI: Интегриран паметен асистент за прашања и генерирање слики.
Едитирање: Овозможена е корекција на веќе испратени пораки во временски рок од 15 минути.
2025: Враќање на сината боја и крај за десктоп верзијата
Во 2025 година, Messenger се врати на својата препознатлива сина боја на брендот. На 15.12.2025 година, Meta официјално ја повлече десктоп апликацијата за Windows и macOS, насочувајќи ги корисниците кон веб-верзијата и мобилните уреди.
2 weeks ago | [YT] | 1
View 0 replies
Dejan Nikolovski
Установи кои што го имаат името Свети Климент Охридски во Битола
Во градот на конзулите Битола, постојат три објекти кои што го имаат името Свети Климент Охридски и тие се:
Национална установа Универзитетска библиотека Свети Климент Охридски
Универзитет Свети Климент Охридски
Основно училиште Свети Климент Охридски.
Во продолжение на овој пост ќе бидат прикажани информации за сите ови три установи: кога тие се основани, која е нивната дејност, каде се лоцирани.
Национална установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски
Првиот објект со кој што ќе започнам е Универзитетската библиотека Свети Климент Охридски.
Библиотеката е основана на 25.03.1945 година со решение на Градскиот народен одбор со името: Градска народна библиотека во Битола.
Најпрвин оваа библиотека била сместена во поранешниот хотел Турист, кој што се ноѓал наспроти Домот на културата во Битола.
Стариот дел на библиотеката во Битола претставува музеј на оваа установа. Овој дел на библиотеката е изграден во 1974 година.
Во стариот дел од библиотеката се чуваат:
Ракописни книги: Многу стари книги напишани рачно, кои можат да бидат од особена историска и културна вредност.
Стари печатени книги (Ретки изданија): Ова вклучува книги печатени во раните фази на печатарството, честопати од 15-ти до 19-ти век, кои се ретки и тешко достапни.
Документи и Архивалска Граѓа: Разни стари документи, писма, списи и друга архивалска граѓа поврзана со историјата на Битола и поширокиот регион.
Стара Периодика: Збирки на стари весници, списанија и други периодични изданија, кои нудат увид во минатиот живот, политика и култура.
Карти и Графики: Може да содржи стари географски карти, графики и литографии.
Овој дел од библиотеката е прогласен за културно наследство.
Во 1983 година се изгради новиот дел на библиотеката, а тоа е делот каде што оваа библиотека е денес сместена.
Битолската бибиотека има книжен фонд од околу 600.000 книги и бројни списанија, со тенденција за перманентно зголемување и оваа библиотека низ нејзиното постоење прертпи менување на нејзините имиња:
Градска народна библиотека – Битола (1945 – 1947);
1. Дом на културата (1947 – 1952);
2. Градска библиотека (1952 – 1960);
3. Матична библиотека (1960 – 1964);
4. Матична библиотека „Климент Охридски” – Битола (1964 – 1980);
5. Матична и универзитетска библиотека „Климент Охридски” – Битола (1980 – 1995);
6. Матична и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски” – Битола (1995 – 2004) и
7. Национална установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” – Битола (од 2004 г. до денес).
Универзитет Свети Климент Охридски
Следен објект на кој што ќе се посвети внимание е Универзитетот Климент Охридски.
Универзитет „Св. Климент Охридски“ — високошколска установа во Битола, вториот универзитет во современа Македонија, основан на 25 април 1979 г.
Со основањето на универзитетот била остварена историската цел за обединување на постојните високообразовни и научно-истражувачки установи од југозападниот регион на Македонија, односно Битола, Прилеп и Охрид, како придонес за порамномерен развој на Македонија.
На 8 декември 1994, на денот на Св. Климент Охридски, универзитетот го добил своето денешно име. Универзитетот ја прославил својата 35-годишнина на 25 април 2009.
Во рамките на овој универзитет спаѓаат следните факултети:
1. Технички факултет
2. Економски факултет
3. Факултет за туризам и угостителство
4. Педагошки факултет
5. Факултет за биотехнички науки
6. Факултет за администрација и менаџмент на информациски системи
7. Висока медицинска школа
8. Факултет за безбедност
9. Правен факултет
10. Технолошко-технички факултет
11. Ветеринарен факултет
12. Факултет за информатички и комуникациски технологии
13. Научен институт за тутун
14. Хидробиолошки завод
15. Институт за старословенска култура
Основно училипте Свети Климент Охридски
Третиот и последниот објект за кој што ќе биде посветено внимание во рамките на овој пост е основното училиште Свети Климент Охридски.
Основно училиште „Св. Климент Охридски“ (официјално: Основно општинско училиште „Св. Климент Охридски“ - Битола; скратено: ООУ „Св. Климент Охридски“) — централно основно училиште во населбата Нова Битола, во градот Битола, Општина Битола.
Училиштето располага со следните 2 специјализирани училници за подготвителна настава, 10 универзални училници за одделенска настава, 11 универзални училници за предметна настава, специјализирани кабинети за информатика и ТО, библиотека со значителен книжевен фонд поврзана со читална, модерна фискултурна сала според високи стандарди со трибини, семафор, туш-кабини и други спортски терени. Во склоп на училиштето има исто така и амбуланта, високо стандардизирана трпезарија со кујна и посебен административен дел.
Училиштето располага со 305 десктоп компјутери, 209 Intel Classmate ученички лаптопи, 16 лаптопи УСАИД, 27 Intel Classmate таблети, 4 смарт табли, 2 телевизори, 4 печатачи, дигитални камери, лаптоп компјутери за наставниците и 30 микробит уреди.
За учениците со посебни потреби има: монитор на допир, 8 тастатури од кои 5 се со кирилично писмо и 3 со латинично писмо, 2 trackball, joystick, 2 одвоени кликови и 2 едукативни софтвери.
За учениците со оштетен вид се користат следниве уреди: компјутер и принтер за рапаво печатење.
Заклучок
Од досега неведеното може да се заклучи дека во градот Битола постојат три објекти кои што се именувани по по словенскиот просветител и светец Свети Климент Охридски.
Од тие три објекти два објекти спаѓаат во категоријата од дејноста на образование: Универзитет Свети Климен Охридски и Основното училиште Свети Климент Охридски, е еден од нив е посветен на културата а тоа е библиотеката Климент Охридски.
Д.Н.
#bitola #Битола #fyp #viral
1 month ago | [YT] | 1
View 0 replies
Dejan Nikolovski
www.facebook.com/share/v/1Hh85LhnnT/
1 month ago | [YT] | 1
View 0 replies
Dejan Nikolovski
Нешто кратко за AIMusixer
Решив да ја истестирам денес оваа алатка.
Генерира песни кои што имаат квалитетен звук на аудиозаписот, брзо се генерираат песните во неа. Но тука има едно големо но...
Пишува дека е Free и не се претплатени во овој сервис, една песна кога е генерирарана пишува дека истата стои 30 дена, по истекот на тие 30 дена таа автоматски ќе биде избришана и не постои можност таа да биде вратена.
Друга мана која што ја има овој сервис е тоа што кога сакате да ја симнете генерираната песна и покрај тоа што пишува дека може да се симне како MP3 Free и ова не е овозможено бидејќи корисникот не е претплатен на еден од пакетите кои што се дел од овој сервис.
А што е со бришењето на акаунт?
Не постои копче за бришење на акаунт, туку треба да го исконтактирате нивниот тим за поддршка и да го избришат вашиот акаунт.
Д.Н
#ai #aimusic #dejannikolovski6
1 month ago | [YT] | 0
View 0 replies
Dejan Nikolovski
Знаеме дека на социјалните медиуми нашите објави можеме да ги поставиме во drafts и пооцна нив да ги постираме.
Во рамките на овој пост ќе биде објаснето колку време drafts може максимално да стојат во некои социјални медиуми.
Фокусот е поствен на социјалните мрежи Facebook, TikTok, YouTube, Clapper, Instagram и Threads.
1. TikTok
Времетраење: Неограничено (теоретски).
Важна напомена: Скиците се чуваат само локално на вашиот уред.
Ако ја избришете апликацијата, ќе ги изгубите сите драфтс.
Ако го смените телефонот, драфтовите нема да се префрлат на новиот уред.
2. Instagram
Stories (Приказни): Се чуваат 7 дена. После тоа, Instagram автоматски ги брише.
Reels и Постови: Се чуваат неограничено, се додека не ја избришете апликацијата.
Напомена: Исто како и кај TikTok, тие се врзани за меморијата на телефонот (кеш меморија). Бришење на апликацијата значи бришење на сите драфтс.
3. Facebook
Личен профил: Драфтовите постојат 3 дена
Facebook Pages (Meta Business Suite): Овде драфтовите се чуваат на сервер (Cloud). Тие се трајни и нема да исчезнат додека вие не ги избришете или објавите. Може да им пристапите и од компјутер и од телефон.
Reels - тие постојат 60 дена
4. YouTube
YouTube Shorts (преку апликација): Се чуваат локално на уредот. Немаат рок, но исчезнуваат ако ја избришете апликацијата.
YouTube Видеа (преку YouTube Studio): Ако прикачите видео и го зачувате, тоа останува на серверите на YouTube засекогаш (како Private или Draft), се додека не одлучите да го избришете. Ова е најбезбедната опција.
5. Threads
Времетраење: Неограничено (додека не се објави или избрише).
6. Clapper
Времетраење: Неограничено.
Напомена: Функционира идентично како TikTok. Се чуваат локално на уредот. Ако ја избришете апликацијата или исчистите „Data/Cache“, ги губите видеата.
Д.Н.
#dejannikolovski6 #facebook #instagram #tiktok #clapper #youtube #threads #drafrts
1 month ago | [YT] | 1
View 0 replies
Dejan Nikolovski
Сега на Facebook има dislike копче во коментарите. Сместено е до копчето за like.
1 month ago | [YT] | 1
View 0 replies
Dejan Nikolovski
Заклучоци кои што ги донесов од користењето на Linux Mint во рокот од повеќе од еден месец .
Доколку има проблем со синхронизација на видео и аудио, потребно е да се смени latency во вредност 0 и тој проблем ќе е решен.
За неприкажување на thumbnails, потребно е фајл менаџерот да се промени со друг, најдобро е со Dolphin. Има две верзии со Dolphin: едната е со сина икона, а другата не. Во таа со сина икона иако е Trash полна знае да ја прикаже празна, па затоа подобро е да се инсталира Dolphin што не е со сина икона. Дополнително во двете верзии кога ќе се симне одреден фајл кога ќе се кликне на веб прелистувачот да ни ја отвори папката каде што е фајлот, место тоа ќе го отвори самиот фајл.
Не може да се слушаат миди фајлови во плеерот за аудиозаписи и видеозаписи, па затоа е потребно да се инсталира плеерот DrumStick Midi Player.
Сеуште нема добра компатибилност за windows апликации. Може да се инсталираат со Bottles - фалат доста фонтови во самиот софтвер и гличнуват Windows програмите, PlayOnLinux - тешко се инсталира Windows софтвер почнува со инсталација и вади error, Winchram ќе ги инсталира но не може да ги стартува, Со Lutris се инсталираат, но има мало проблемче кога се работи на некој видео едитор, а тоа трепкање со црна боја кога се пушта да се гледа видео записот додека тој се едитира.
Ако замрзни екранот Ctrl + Alt + F7 е команда која што треба да ја употребите за негово одмрзнување. Што прави оваа команда. Ќе ве врати на прозорецот за логирање и со тоа ќе ве спаси од ресетирање на компјутерот со притискање на копчето за вклучување на вашиот десктоп или лаптоп компјутер.
Подобро е да користи ONLYOFFICE место Libre Office бидејќи со користењето на Libre Office скролањето во Writer е бавно и таму за да се трги педерот и футерот од првата страна потребни се повеќе процедури за да се направи тоа и во Impress не може целата презентација да се зачува како слики. Во ONLYOFFICE целата презентација може да се зачува како слики, побрзо се скрола во програмата за уредување на текст и хедерот и футерот на првата страна може да се исклучат со First different page како во Word.
Лесен е за работа.
Брзо бутира.
Брзо работи.
Побрз е од Windows 10 и Windows 11.
Има старт мени кое што е лесно за кастамизација.
Може ? да се стави во името на еден фајл.
Абдејтите кои што се пуштаат од овој оперативен систем не прават никакви проблеми како што тоа е случај во Windows 11.
Не бара никаква активација.
Целосно е бесплатен.
Одличен е за постари но и за понови компјутер.
Може да се истестира без инсталирање бидејќи доаѓа во LiveOS верзија, а со тоа се овозможува да се испитаат сите негови функционалности и со тоа се донесува одлука дали тој ви се допаѓа и дали ќе го инсталирате или пак не и со тоа се прави превенција да не треба пак да го инсталирате стариот оперативен систем кој што сте го имале доколку не ви се допаднал.
Побрзо се инсталира од Windows
Апликации за овој систем може да се симнуваат од Software Manager или од browser со барање на екстензијата .deb. Дополнително за овој оперативен систем може да се најдат и програми од типот AppImage кои што се извршуваат без тие да се инсталираат.
Многу работи се исклучуваат и исклучуваат со помош на команди кои се пишуваат во Terminal.
По инсталацијата иконите му се мали, фонтот е мал, па затоа треба да се промени големината на фонтот, односно да се вклучи Larger Text во Accessibility, а иконите се зголемуваат во Customise.
Во менито за исклучување, ресетирање на компјутерот има опција Suspend и таа ја има истата функционалност како онаа што ја има
Доста работи споменав, можеби и нешто заборавив, но сепак има доста заклучоци напишани во овој пост.
#linuxmint #dejannikolovski6 #fyp #viral
Д.Н.
2 months ago | [YT] | 1
View 0 replies
Dejan Nikolovski
Ctrl + Alt + F7 - команда која што треба да ја употребите ако се случи да замрзни екранот на LInux Mint. #linuxmint #dejannikolovski6 #fypシ #viral
2 months ago | [YT] | 1
View 0 replies
Load more